epa10166073 Nick Kyrgios of Australia in action against Karen Khachanov of Russia during their quarterfinals match at the US Open Tennis Championships at the USTA National Tennis Center in in Flushing Meadows, New York, USA, 06 September 2022. The US Open runs from 29 August through 11 September. EPA-EFE/JASON SZENES

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос на крајот на месецот ќе се врати на тениските терени по долга пауза поради повреда. Од 29 декември до 5 јануари ќе настапи на АТП турнирот во Бризбејн, кој ќе му послужи како последна подготовка за Австралија опен.

Контроверзниот Кирјос за време на опоравувањето беше коментатор на грен слем натпревари. Неговите коментари не застанаа тука, бидејќи беше доста гласен на социјалните мрежи, особено за случајот со допинг со Јаник Синер, моментално најдобриот тенисер на светот. Австралиецот во последните две години одигра само еден натпревар. Но, тој тврди дека има поголем тениски коефициент на интелигенција од најдобрите тројца тенисери на сите времиња

Во подкастот „Let’s Trot“ Ник имаше задача да го дизајнира својот совршен играч. Тој ги избра сласот на Роџер Федерер, бехендот на Новак Ѓоковиќ и форхендот и физичката подготвеност на Рафаел Надал. За брзина го избра сонародникот Алекс Де Минпр, додека на прашањето за сервисот и коефициентот на интелигенција се избра самиот.

Кирјос тврди дека неговото искуство играјќи против големата тројка и Енди Мареј му овозможило да ги надмине во одреден аспект од играта. Кога објаснуваше зошто го имал најдобриот сервис, Кирјос рече: „Морам да се ставам себеси во таа приказна. Мислам дека го имам најдобриот сервис. Не сум супер висок за тенисер овие денови, но кога ќе вклучиме варијацијата, првиот сервис и вториот сервис, ритамот.. Мислам дека сум најдобар.“

“Играв против Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј. Имам поголем тениски коефициент на интелигенција од нив. Не знам дали некој во историјата на тенисот стигна до финалето на Вимблдон без тренер. Значи, што се однесува до коефициентот на интелигенција, Јас сам избирам“, рече самоуверено Кирјос.

Австралиецот важеше за еден од најголемите неостварени таленти во тенисот Кирјиос (29) во кариерата има освоено 7 АТП титули, а најдобар пласман на АТП-листата му е 13-то место постигнато во октомври 2016 година. Досега има заработено преку 12 милиони американски долари од турнирски награди, а најдобар грен слем резултат му е финалето на Вимблдон во 2022 година.

Во тоа финале играше против Новак Ѓоковиќ и иако го доби првиот сет со 6:4, преостанатите три ги загуби со 6:3, 6:4 и 7:6. Тој има освоено една грен слем титула, но во парови на Австралија Опен во 2022 година со неговиот пријател Танасис Кокинакис.