Британскиот олимпиец во синхронизирани скокови во вода од 10 метарска платформа, Том Дејли, го осови златниот медал во конкуренција со доминантната Кина. Ова е прв пат по Сиднеј 2000 година, Кинезите да не се олимписки шампиони во оваа дисциплина, но поголемо внимание предизвика изјавата на Дејли по осовјувањето на медалот.
-Се чувствувам неверојатно гордо да кажам дека сум геј и дека во исто време сум олимписки шампион. Кога бев помлад не мислев дека ќе остварам нешто големо баш поради тоа што сум. Сега имам златен олимписки медал околу вратот по толку години. Многумина ме отпишаа и зборуваа дека моите години поминале, но јас сега сум во најдобра физичка и ментална подготвеност и се чувствувам одлично. Менталитетот е клучниот фактор кој ме донесе до ова злато, порача 27 – годишниот Том Дејли.