Јас сум во Милано и барам манекенка

84

Можеби еден дел од играчите на Рапид од Виена се убедени дека ќе бидат елиминирани од калчо гигантот Интер во 1/16 финалната рунда од Лига Европа, па поради тоа решија гостувањето во Милано да го искористат за реализација на своите лични потреби.

Еден од тие фудбалери е и 25-годишниот играч за врска Филип Шобесбергер. Веднаш по пристигнувањето во Милано, играчот на својот Тиндер профил напиша: “Јас ќе бидам во Милано само две ноќи, па подобро ќе биде да започнам со потрагата на мојата манекенка”.

Италијанските медиуми пишуваат дека профилот е автентичен, иака на ниту едно место не е истакнато презимето на фудбалерот, туку го пишува само неговото име и има негова профилна слика од првиот натпревар против Интер.

И додека едните цинично коментираат дека фудбалскиот свет е во криза затоа што играчите мораа да ја користат апликацијата Тиндер за да запознаат некоја девојка, другите дојдоа до заклучок дека ваквата ситуација јасно покажува дека и фудбалерите се само луѓе, дека и за нив патувањето во Милано е големо доживување и дека сакаат да го искористат секој момент.

Најголемиот проблем ќе настане доколку тренерот на Рапид, Дитмар Кухбаер смета дека играчите треба да се воздржат од било каква сексуална активност до стартот на реванш натпреварот против Интер. Интересно, Филип потенцираше дека е слободен две ноќи.