Јас не сум папагал, а клубот не е некаква банка

213

Спортскиот директор на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Михаел Цорк, призна дека не е ни малку среќен поради новинарските шпекулации дека најдобриот фудбалер во „жолто-црниот“ дрес, Ерлинг Халанд е пред трансфер во редовите на францускиот гигант ПСЖ.

Михаел Цорк бурно реагираше на тврдењата дека Ерлинг Халанд за 200 мил. евра ќе биде продаден на ПСЖ затоа што норвешкиот интернационалец е дефиниран како идеална замена за Килијан Мбапе кој пак треба да се пресели во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).

Сепак, германскиот бундеслигаш не размислува за никаква продажба на најдобриот фудбалер кој има договор со тимот од „Сигнал Идуна Парк“ до 2024 година.

  • Ние сме фудбалски клуб, а не некаква банка. Нашиот став е јасен и нема никаква промена. Сигурно дека и понатаму ќе има такви натписи, особено до крајот на летниот преоден рок. Нашиот став е јасен и јас не планирам да глумам некаков папагал и постојано да ги повторувам истите зборови, изјави Цорк.

За услугите на Халанд интерес покажуваат сите европски гигант, но Борусија не планира да го продаде до крајот на летниот преоден рок. Цената на овој фантастичен напаѓач следното лето ќе изнесува само 70 мил. евра затоа што тогаш ќе се активира ослободителната клаузула која постои во неговиот договор.