Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер, успешно го започна мастерс турнирот во Шангај, а после победата над Јапонецот Таро Даниел, даде интересна изјава поврзана со неговиот колега и голем ривал, Шпанецот Карлос Алкараз.

Медиумите ги интересираше кои се сличностите помеѓу двајцата тенисери, на што Синер даде прилично интересен и шеговит одговор.

„Не е лесно да бидеш пријател со некој што ви е голем ривал, но мислам дека надвор од терените ние сме многу слични. На теренот е природно да се бориме еден против друг, но во приватниот живот имаме одлична комуникација.

Карлос има пожесток карактер, тој носи „оган“ на теренот, а јас сум малку посмирен од него. Ние сме како оган и мраз, можеби звучи чудно, но тоа е интересна комбинација. Имам само почит за него и се надевам дека двајцата ќе имаме успешни кариери“, рече Синер.

Алкараз исто така започна во победнички ритам на турнирот во Кина и во првото коло беше поуспешен од домашниот тенисер Јунченг Шанг со 2:0 по сетови.