Францускиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Тео Хернандез, испрати јасна порака до раководните лица на седумкратниот европски клупски шампион. Офанзивниот бек ги информирал челниците на Милан дека сака да потпише нов договор кој ќе биде со важност до 2028 година и кој ќе му гарантира годишна плата не помала од 7 мил. евра.