Јапонците мислат на сите: Напивка за „фанатици на мајонез“ – има ли јунаци што би се осмелиле да ја вкусат

37
Фото:принтскрин/Инстаграм

Многу светски гурмани веруваат дека Јапонците го прават најдобриот мајонез на светот, но само најхрабрите би се осмелиле да го пробаат најновиот производ од нивната кујна.

Имено, синџирот супермаркети „Лосон“ во таа островска земја претстави нов пијалок со вкус на мајонез наречен „Nomu Mayo“, кој може да се пие преку сламка, пренесува Euronews.

Според „Лоусон“, станува збор за „ладниот пијалок што љубителите на мајонез долго го чекаат“, а се продава по цена од 198 јени или околу 1,25 евра.

Состојките на декларацијата вклучуваат млечни производи, зачини со вкус на мајонез и преработени цели јајца.

Моментално се продава само за тестирање на пазарот, но првите коментари не се најпозитивни.

Еден корисник на мрежата „Х“ напишал дека не може да процени дали се работи за „генијален изум или злосторство против храната“, а има и такви кои се заинтригирани и сакаат да го пробаат.

 

 

 

Оние кои веќе имаа можност да го пробаат белиот пијалак, со кисел вкус, всушност немаат пофални зборови.

„Ако не сакате мајонез, овој пијалак може да ве убие, а ако го сакате, да ве натера да го мразите“, вели еден од нив.

ИЗДВОЕНИ