Бројот на луѓе постари од сто години во Јапонија за првпат во историјата надмина 86.000 лица, пренесe Анадолија.
Јапонското Министерство за здравство, труд и просперитет објави извештај за статистиката поврзана со стареењето на населението во земјата.
Во извештајот се наведува дека бројот на стогодишници во Јапонија расте 51 година по ред, а за подготовка на извештајот се користени податоци од Евиденција на населението.
Во моментов, во Јапонија живеат рекордни 86.510 луѓе на возраст над сто години, што е за 6.060 луѓе повеќе од минатата година.
Меѓу стогодишниците во Јапонија има 76.450 жени и 10.060 мажи.
Најстарата жена во Јапонија е 118-годишната Танака Кејн од Фукуока, која исто така е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност во светот.
Најстарата Јапонка е 111-годишната Уеда Микизо од Нара.
Од 1963 година, Јапонија објавува годишни извештаи за населението постаро од сто години.
Во 1981 година, во Јапонија живееја нешто повеќе од илјада стогодишници, а во 1998 година, таа популација надмина 10.000. Во 2019 година, Јапонија имаше повеќе од 70.000 стогодишници.
Јапонија има една од најстарите популации во светот. Просечната возраст на жените во Јапонија е 87,74 години, а на мажите 81,74 години.