Јапонската влада ги охрабрува компаниите да усвојат четиридневна работна недела

68
Фото: EPA-EFE/WU HAO

Во обид да го надоместат загрижувачкиот недостиг на работна сила, јапонските власти охрабруваат се поголем број компании да усвојат четиридневна работна недела, објавија денеска локалните медиуми.

Јапонската влада поддржа пократко работно време за прв пат во 2021 година, откако јапонските пратеници исто така ја поддржаа оваа идеја, пренесува АП.

Сепак, според податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална заштита, само околу осум отсто од компаниите во Јапонија им дозволуваат на вработените да земат три или повеќе слободни денови, седум отсто од компаниите на работниците им даваат само еден слободен ден пропишан со закон.

Надевајќи се дека ќе привлече повеќе заинтересирани компании, особено меѓу малите и средни претпријатија, владата започна кампања за реформа на работата која промовира пократко работно време и други флексибилни работни аранжмани, како и ограничувања за прекувремена работа и платен одмор.

Министерството за труд неодамна почна да нуди бесплатни консултации како дополнителен поттик за јапонските работодавци.