Јанчев: Oбезбедени се два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна за пожарот во неготинско

99

На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, секретарот на Општина Неготино Марија Нацева, Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино, за утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта. Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи.