За многу години „Богојавление – Водици”, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук профил.
Оваа година на потопувањето на Градскиот мост Кавадарци Чесниот Крст во рацете на Александар Ристески, додека во месноста Моклиште најсреќниот беше Ристе Динев. Им посакуваме многу здравје, благодет и среќа, нив и на нивните семејства
Да потсетиме дека пред потопувањето на Крстот претходеше божествена литургија во црквата ,,Св Димитрија”, по која свештените лица заедно со поворката пеејќи литија стигнаа до Градскиот мост, напиша Јанчев.