ЈАМАЛ ЛАМИНА: „Да живее Барса и градот на 3-0-4“

75
epa11689435 Barcelona and Spain forward Lamine Yamal delivers his speech after receiving the Kopa Trophy for the best player under the age of 21 at the Ballon d'Or 2024 ceremony at the Theatre du Chatelet in Paris, France, 28 October 2024. EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Познато е дека Барселона изминатиот викенд во „Ел Класико“ сред Мадрид го победи Реал со 4:0, а најдобриот млад фудбалер за 2024 година Јамал Ламина постигна еден гол. Непристигнувањето на „кралевите“ на свечената церемонија во Париз дополнително ја „загреа“ атмосферата, а фудбалерот на Барса не можеше , а да не го пецне лутиот ривал.

„Да живее Барселона и градот на 3-0-4“, изјави Јамал со насмевка на крајот од својот говор, но многумина разбраа што сакаше да каже со тие зборови.

Тоа е поштенскиот број на градот Рокафонд каде што пораснал, но навивачите на Барселона и Реал се сигурни дека тој ја искористил играта со зборови за да го  „пецне“ лутиот ривал, повикувајќи се на бројките нула и четири кои го одбележаа последното „Ел Класико“.