Од Независни за Карпош – За заштита на Карпош ги повикаа градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и надлежните општински служби итно да го поништат одобрението за градење од 18.1.2024 година, за 17 катницата зад поликлиниката „Букурешт“ и да не го одолжуваат процесот.
– Со секоја поминат ден, обесштетувањето што ќе се побарува – расте – велат од Независни за Карпош – За заштита на Карпош.
И карпошани реагираат и бараат да не се одолжува поништувањето на одобрението за градба.
– Општината да не се завлекува и да му остава период на градежникот да гради експресно, па потоа да бара материјална штета. И тоа веќе ни е познато и, за жал, на товар на Општината. Да треба да се плаќа обесштетувањето од сопствениот џеб, не знам баш колку лабаво ќе се однесуваат – вели Лидија Темелковска.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во изјава за весникот ВЕЧЕР во четвртокот истакна дека прво ќе го разгледаат решението и врз основа на тоа, Општината ќе одлучи како ќе се постапи понатаму.
(А.П.)