Јавноста не успеа да го слушне директорот на АНБ Бојан Христовски

Не успешен старт на Комисијата за контрола на разузнавачките служби

317

Собраниската Комисија за надзор врз работата на разузнавачките служби не ја одржа закажаната седница на која требаше да се разгледува единствената точка на дневен ред , иницијативата поднесена од СДСМ за како што велат незаконското назначување на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи ја одложи седницата бидејќи членовите од ВМРО ДПМНЕ побараа дневниот ред да се дополни со уште две точки, посета на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, а претседателот и неговиот заменик немаат сеуште безбедносен сертификат.

,,Констатирам дека дневниот ред неможе да се дополни со бараните точки бидејќи не е во ред јас како претседател да не влезам во институциите каде што треба да се направи контрола,,-рече Реџепи и ја одложи комисијата

Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ кој го побара дополнувањето го обвини Реџепи дека се однесува ,,диктаторски,, и оти не може Комисијата да не оди во контрола се додека тој не добие сертификат, посочи примери на пратеници што цел мандат го чекале документот. Иако побара да се стави на гласање предлогот за дополнување на дневниот ред, претседателот на комисјата тоа не го дозволи.

Претходно членовите на СДСМ на чие барање се состана комисијата, прифатија дополнувањето да биде после точката за директорот на АНБ Бојан Христовски.

-,,Најавувавте реформи а имате тука луѓе кои абер немаат од реформи. Најдобро е за јавноста да ја завршиме точката за незаконското назначување на директорот побрзо. Еве дојден е, седи до вас и ви ги јаде срамовите,,-му се обрати Славјанка Петровска од СДСМ на колегата Ковачки

Пред да почне Комисијата, Ковачки рече дека иако била незаконски свикана бидејќи немале материјали за истата, сепак прифаќаат да се одржи.

-,, Членовите од СДСМ немаат 1/3 според деловник за да ја свикаат седницата, но ќе ја прифатиме со цел да се расчистат работите. ,,Сеништа од минатото,, сакаат да прават ,,лов на вештерки,,- кажа Ковачки и му посочи на претседателот Реџепи да свика седница по наводите на премиерот Христијан Мицковски дека разузнавачки служби го шпиунирале со дрон додека бил опозициски лидер. На ова Реџепи му одговори ако имало барање ќе го ставел на дневен ред, но досега немало.

По одложувањето на комисијата на прес конференција Славјанка Петровска од СДСМ ги обвини од ВМРО ДПМНЕ дека бегаат од соочување со јавноста.

,, Злоупотребувајќи го мнозинството тие спречија одржување на седница и расправа за прашањата чии одговори ги чека цела јавноста, и домашната и меѓународната,, -изјави Петровска

По неа пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Тони Јаревски ја обвини опозицијата за груб и несмасен обид за театар и оти го прекршиле Законот , Уставот и Деловникот

,,  Ќе ја поддржевме иницијативата да се дискутира за оваа точка. Фрапира неможноста да се надополнат точки на дневен ред. Претседателот на комисијата од редовите на опозицијата не дозволи да се изјасниме за точките на дневен ред да се додадат, рече Јаревски

Прашањето за именувањето на Христовски во јавноста го иницираа од СДСМ.  Како што велат од партијата, тој нема стекнато соодвено образование и при реформата не го поминал ветингот поради негова претходна инволвираност во незаконски дејствија на УБК, но и дека Христовски има лажен сертификат за англиски јазик. Премиерот Мицкоски уверуваше дека Христовски ги исполнува сите услови и ја повика Антикорупциска да истражи дали има нерегуларности. (П.А)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ