Јавноста е згрозена од детскиот роденден во Дубаи

90

Детските родендени најчесто се полни со балони, торта и детски игри. Сепак, на социјалните мрежи вирално стана видеото од малку поинаква детска роденденска забава во Дубаи. Децата решија да се забавуваат сликајќи врз жолтото Ферари со помош на четки и зелена и сина боја.

„Автомобил од 500 илјади долари се користи за детска роденденска забава! Тоа се случува само во Дубаи!“, пишуваше под видеото кое беше постирано на Инстаграм. Многумина беа шокирани кога ги видоа децата како се забавуваат.

„Еве зошто престанав да живеам во Дубаи“, „Можеби треба да ги научите вашите деца на правилните вредности на животот“, „Нема други игри за деца? Тогаш што ќе научат…“, напишале следбениците згрозени од она што го видоа.

Сепак, на некои луѓе им се допадна видеото, сметајќи дека е симпатично.