Јавноста во шок: Италијанец на телевизиски пренос во живо призна дека ја убил сопствената мајка/ВИДЕО

134
Фото:скриншот/Х

Италијанец од Модена ја остави целата земја во шок кога за време на пренос во живо на телевизија призна дека ја убил сопствената мајка.

Лоренцо Карбоне (50) наеднаш почнал да плаче пред камерите и на крајот признал дека ден претходно ја убил својата 80-годишна мајка која боледувала од деменција.

Видно вознемирен, Карбоне одговараше на прашањата на новинарот Фабио Џуфрида за време на интервјуто емитувано вчера попладне во емисијата Помериџо5 на Медиасет. Тој рече дека неговата мајка боледува од деменција и дека „не можежел повеќе да издржи“.

„Ја задавив, не знам зошто го направив тоа. На моменти ме нервираше затоа што постојано се повторуваше.

Полицијата трага по него од неделата, кога телото на Лорета Леврини го пронашла нејзината ќерка во кревет. Карбоне рече дека побегнал во блискиот град Павуло, каде одел по улиците пред да се врати во домот што го делел со мајка му.

Новинарот, чија екипа му се појавила на осомничениот пред неговата куќа додека известувал за приказната, веднаш повикал полиција. Интервјуто е емитувано неколку минути подоцна.

 

Водителката на таа емисија Мирта Мерлино беше критикувана бидејќи решила да го емитува интервјуто. „Она што се случи денеска во Помериџо5 е многу сериозно“, напиша Гаја Тортора, заменик-директор на ТВ каналот TG La7, на платформата X. „Ова не е наша работа. Прекршувајќи го етичкиот кодекс, го допревме дното.

Ермес Антонучи, новинар од весникот Ил Фољо, праша дали е потребно да се прикаже интервју „со човек во очигледна состојба на конфузија“. „Зарем не беше доволно да се јави полиција, што за среќа беше направено, а потоа да се објасни што се случи без да се емитува видеото? Медиумскиот циркус достигна ново ниво“.

Мерлино за „Кориере дела сера“ изјави дека „размислувала како новинарка“ кога решила да го прикаже видеото и дека тоа ќе го повтори.