Јавниот обвинител на Калифорнија избран за министер за здравство на САД

28

Јавниот обвинител на Калифорнија, Ксавиер Бекер е избран за нов министер за здравство на САД.
За Бекер гласаа 50 пратеници „за“ и 49 „против“.
Тој по професија е адвокат, 26 години бил член на долниот дом на Конгресот на САД и дел од раководството на Демократската партија.
На својата нова позиција, 63-годишниот Бекер, кој е со мексиканско потекло, ќе го надгледува продолжувањето на законот за прифатлива грижа на АЦА, попознат како „Обамакер“.

Како што пренесуваат американските медиуми, Републиканците се спротивставија на неговото назначување затоа што тој нема искуство во здравствената заштита и го сметаат за премногу либерален во однос на миграцијата и абортусот.

Извор:МИА