Јавен конкурс за доделување на наградата „4 Ноември“

42

Општина Битола објави јавен конкурс за доделување на највисокото општинско признание, наградата „4 Ноември“.

Наградата се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Општината, Република Северна Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории, едногодишна за достигања во периодот од 1. 8. 2022 година, до 31. 7. 2023 година и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а наградата за животно дело се доделува во вид на диплома и паричен износ.

Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци.  – Конкурсот трае до 20 октомври, информираа од Општина Битола.