Ѕирнете во домот на најбогатиот човек на светот
Џеф Безос, основачот на Амазон и најбогатиот човек на светот, купил дури три апартмани во Њујорк, кои го надгледуваат Медисон Сквер Гарден. За овие 1.600 квадрати платил 80 милиони долари, што е една од најскапите трансакции со недвижности годинава во Њујорк. Домот на Безос се протега на 22., 23. и 24. кат , а самиот пентхаус на нјагорниот кат има пет спални соби и четири бањи. Покрај тоа има приватен лифт, голема сала за танцување, библиотека, како и планетариум, што се претвора во огромна тераса со поглед на Емпајер Стејт Билдинг.