Данскиот напаѓач, Расмус Хојлунд, и официјално беше претставен како најнова милионска аквизиција на најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед. Сега веќе поранешниот фудбалер на италијанскиот калчолигаш Аталанта потпиша договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2028 година.
Талентираниот напаѓач, кој многумина го сметаат за новиот Ерлинг Халанд, не можеше да сокрие дека е пресреќен што доаѓа во клубот на кој е навивач уште од детството и додаде дека е подготвен за големи работи.
-Не е тајна дека од мал сум навивач на овој голем клуб. Сонував да истрчам на „Олд Трафорд“ како играч на Манчестер Јунајтед. Многу сум возбуден што имам можност да го претворам мојот сон во реалност и решен сум да ја вратам сета доверба што клубот ми ја даде. Сè уште сум на почетокот на мојата кариера, но знам дека сум подготвен да игра врвен фудбал со врвни играчи, изјави Хојлунд.
Јунајтед за услугите на овој 20-годишен напаѓач и плати на Аталанта повеќе од 80 мил. евра.
Данецот минатата сезона во дресот на Аталанта постигна „само“ 10 гола на 34 натпревари. Претходно играше за Копенхаген и Штурм Грац. Вкупно, тој играше за три сениорски тимови и на одиграните 87 натпревари постигна 27 гола.