ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД: Марија Шерифовиќ со своите кандидати – финалисти во Париз

672

Марија Шерифовиќ во суперфиналето на Ѕвездите на Гранд, што ќе се одржи следниот викенд, има четири кандидати, па меѓу финалистите освен Џејла Рамовиќ, Армин Јусуфовиќ, Ахмед Ораховчиќ е и нашиот Огнен Здравковски.

Со цел да ги опушти пред нивната најважна ноќ која ги очекува во оваа година, Марија ги однесе своите кандидати во Градот на светлината, Париз.

Пејачката се обидува да им ги покаже сите убавини и знаменитости на француската метропола и да го задржи ова патување засекогаш во нивното сеќавање.

Од она што може да се види на сликата сите добро се забавуваат.

“Добри деца. Талентирани млади луѓе. Желни за докажување. Желни за победа. За таквите секогаш ќе бидам тука и засекогаш ќе им бидам ветер во грб!- напиша Марија на фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.