И покрај успесите со аргентинската репрезентација, играчот од средниот ред на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Енцо Фернандез, не игра на нивото на кое се надеваа навивачите на „сините“.
Иако сезоната ја стартуваше со капитенската лента, менаџерот на „сините“, Енцо Мареска, повеќе не му верува и сосема заслужено го пресели на клупата.
Причината за слабите игри може да се бара и во проблемите надвор од теренот, откако Фернандез реши да се раздели од сопругата Валентина Сервантес.
Нивната љубовна приказна започна во детството кога овие двајца млади Аргентинци започнаа љубовна врска.
Покрај некогаш среќениот брак, двојката има и две деца, четиригодишна ќерка и син кој неодамна наполни една година.
Сега веќе поранешната сопруга на Фернандез ја сподели веста за раскинувањето на сопствените социјални мрежи и изненади со нејзината реакција.
„Со Енцо денес велиме дека се оддалечуваме еден од друг. Но, ние секогаш ќе бидеме семејство и ќе се поддржуваме во сè. Затоа што во средината има две деца на кои им треба многу од нашата љубов кон нив. Знам каков човек е Енцо и колку е голем и какво срце има. И тоа ми е доволно. Тие не сакаат да создаваат војни каде што ги нема”, изјави Сервантес.
Пораката на Валентина сугерираше пријателски крај на нивната долгогодишна врска, иако информациите од аргентинската новинарка Хулиета Аргента даваат поинаква слика за настанот.
„Тој и кажа дека сака да живее сам. Тие се уште се семејство, но чувствува потреба да ја доживее фазата на самостоен живот што ја прескокна бидејќи избра рано да формираат семејство“, откри новинарката.
За потсетување, во јануари 2023 година имаше „војна“ помеѓу Челзи и Бенфика, а и самиот играч штрајкуваше се со цел за да го реализира трансферот.
На крајот португалскиот клуб го доби тоа што го сакаше откако од „сините“ успеаа да инкасират дури 120 милиони евра, пари кои Аргентинецот дефинитивно не ги оправда.