Ѕвездата на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Матеус Нуњес, бешее уапсен во Мадрид под сомнение дека украл мобилен телефон од маж во еден ноќен клуб.
Португалецот, кој има 26 години, со часови беше зад решетки, а сето тоа поради настаните кои се случија во ноќниот клуб „Ла Ривиера“ во Мадрид.
Шпански „Ел Мундо“ тврди дека играчот од средниот ред на „граѓаните“ бил уапсен околу 6:30 часот, со тврдење дека зел телефон од 58-годишен маж.
Причината поради која Нуњес му го зел мобилниот телефон на овој човек е затоа што тој наводно се обидел да го фотографира без негова дозвола во тоалетот на ноќниот клуб.
Родениот Бразилец, наводно, во напад на бес го грабнал телефонот од раката на мажот и одбил да го врати. Полицијата излегла на местото и го одвела Нуњес, кој во тој момент во себе го имал телефонот кој го грабнал од мажот во ноќниот клуб.
Така поранешниот фудбалер на Вулверхемптон заврши со лисици и беше однесен во полициска станица. Неколку часа подоцна, откако пристигна неговиот адвокат, репрезентативецот на Португалија беше ослободен.
„Ел Мундо“ тврди дека поради инцидентот Матеус Нуњес ќе трпи последиците, а ќе мора да оди на суд за целиот инцидент што тој го предизвика.
Нуњеш наводно пристигнал во Мадрид со пријателите откако не добил повик за настап со репрезентацијата на Португалија.
Играчот за врска во вторникот го одигра целиот натпревар во победата на Манчестер Сити од 4:0 кај Слован во Братислава, а очигледно е дека Манчестер Сити се обиде да прикрие се што се случи, но на крајот не успеа.