Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, со големо внимание ја следи ситуацијата околу стандардниот првотимец во дресот на римскиот калчолигаш Лацио, Матија Ѕакањи. Репрезентативецот на Италија има договор со „светлосините“ до 2025 година, но и покрај се почестите изјави дека сака да остане на „Олимпико“ што е можно подолго, челниците на Лацио се уште не му понудиле продолжување на соработката.