Ѓубрето се офарба во политички бои, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си префрлаат вина едни на други 

49

Неколку дена Скопје се дави во ѓубре поради неспособноста на ДПМНЕ. Преполни контејнери, неисчистен смет, смрдеа… со еден збор целосен хаос. За скопјани има опасност од зарази поради неисчистеното ѓубре. Одговорност за тоа што Скопје тоне во ѓубре е директно кај Христијан Мицкоски и градоначалниците од ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

За овие проблеми ВМРО-ДПМНЕ го вперува прстот кон СДСМ и кон градоначалничката Данела Арсовска.

-Не не изненадува што СДС мисли исто како Данела Арсовска. Тоа е лице и опачина на една иста паричка. Нивната соработка е успешна за нивните лични интереси, но исто толку пак штетна за интересите на скопјани. За засмејување и за групата тврдења „верувале или не“ е позицијата на Арсовска поддржана од СДС дека Христијан Мицкоски пред дваесетина години вработил 40 луѓе од чаирско семејство во Комунална хигиена и затоа е овој крах – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.