Дома МАКЕДОНИЈА Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до...

Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија

47

Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што денеска и вчера се одржа во Скопје, поминала во позитивен дух и конструктивна атмосфера со динамична и отворена дискусија за прашања од делокругот на работата на Комисијата, соопштија од Комисијата за историски прашања со Бугарија.

– На средбата се дискутираше за принципите за работа како и за протоколарни и процедурално- технички прашања за работата на Комисијата. Комисијата работеше и на усогласување на Записниците од претходните средби, а стана збор и за препораките за македонските учебници за VII одделение, се наведува во соопштението од претседателот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.

Следната средба на Комисијата ќе се одржи до крајот на годината во Софија.