ЃОРЃЕ ДАВИД НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА: Судот в петок ќе одлучува за понатамошната постапка

760
screenshot Instagram 192_rs

Српскиот рок музичар Ѓорѓе Давид учествувал во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 20 часот на патот Куманово-Табановце, а во која загина 49-годишна жена. Давид бил полесно повреден, а лекарска помош добил во болницата во Куманово.

Според информациите, Ѓорѓе до петок мора да биде во Скопје, а тој ден судот ќе одлучува за понатамошната постапка против него. Обдукцијата и вештачењето ќе бидат завршени до среда, по што судот ќе одлучи дали ќе го гони пејачот. Движењето му е ограничено и до одлуката на судот ќе биде сместен во хотел.

Инаку, Ѓорѓе денеска се огласи во медиумите и откри што се случува.

„Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена“ – рече Ѓорѓе и додаде дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.

„Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен“ – истакна Ѓорѓе и додаде дека се уште не може да си дојде на себе поради несреќата.

На Инстаграм профилот 192_rs објавено е видео од верижниот судир во кој учествувал рокерот на кој се гледаат полицајци како вршат истрага, а автомобилите се целосно уништени. Поради ветерот и снегот дошло до сообраќајка во која учествувале три автомобили меѓу кои и автомобилот на Ѓорѓе Давид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)