Ѓорче ќе се чисти од отпадот  

108

Општина Ѓорче Петров во соработка со „Генералка Викенд“ и годинава, вториот викенд од мај ќе  организира нова уште поголема еколошка акција, во рамките на која на повеќе точно утврдени локации ќе се чисти џебниот, но и кабастиот отпад кој ќе се одлага на неколку локации во Ѓорче Петров, од каде што отпадот ќе биде складиран од страна на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.

Ова произлегува од средбата што градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја остварил изминатите денови со претставници од организацијата „Генералка Викенд” кои изминатата година реализираа повеќе еколошки акции во повеќе општини во Република Македонија, меѓу кои и скопски.

-Новитет оваа година е тоа што сите кои што ќе учествуваат во акцијата ќе можат директно да се вклучат на live stream-от кој ќе биде активен на фејсбук страната на „Генералка Викенд” во текот на целиот ден, се со цел да може да се прикаже колку активисти во ист момент чистат на многу локации во Скопје и другите градови – истакна Стојкоски.

Тој напомена дека одлична придобивка за општината е тоа што за секои 10 килограми собран отпад, ќе доби едно дрво кое што ќе биде засадена на некоја локација.