Општина Ѓорче Петров се вклучува во најголемата акција за чистење досега, „Генералка викенд“ која ќе се организира на 8-ми мај, 2022 година.
Настанот е организиран преку заедничко партнерство со „Пивара“ Скопје, „Пакомак“ и „Мен енд маунтен“.
Од Општината соопштија дека целта е да се собере што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската „Пакомак“ или локална станица за отпад.
Со секои 10 килограми отпад, секој ќе придонесе во засадувањето на новите пристапни шуми Сончева гора“ – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.
Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.
-Акцијата за чистење „Генералка викенд 2022“, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина- потенцираат од локалната самоуправа и повикуваат граѓаните да излезат и да го соверат отпадот од својата околина и да придонесат за поздрава и позелена иднина за сите.