Пратеникот и член на ВМРО – ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, денес присуствуваше во беровско Ратево од каде во својата изјава истакна дека „Македонија и нејзините предци отсекогаш се бореле до крај и ќе излезат како победници од ситуацијата во која во моментот Македонија се наоѓа како поразена земја“.
-Гледајки во каква ситуација се наоѓа државата, можеме да кажеме дека Македонија е поразена, луѓето се чувствуваат разочарано, луѓето се чувствуваат обесправени со еден куп лажни ветувања. Ние сме тука да понудиме надеж, да покажеме дека Македонија е жива. И без оглед на тоа што се случило и што ќе се случи ние сме тука и ќе победиме ќе излеземе на крај со ова затоа што народот игра на домашен терен. Ќе се бориме никогаш, никогаш нема да се предадеме и тоа што го имале нашите предци како порака и битка и ние ќе го носиме како наше чувство, рече Ѓорчев.
Честитајки им го на Ратевци празникот „Собор на Свети Јован Крстител“. Ѓорчев
-Убава традиција нашиот народ е приврзан на традиции кои траат како оваа повеќе од 500 години. Ова е традиција која е поврзана со Свети Јован. Бог се јави, навистина се јави, нека им е вечна слава на сите што го слават светецот, додаде Ѓорчев.