Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, повторно ќе може да игра на грен слем турнирот – Австралија Опен. По скандалот кој го окупираше вниманието на светската јавност и политичкиот прогон на тогаш најдобриот тенисер во светот, освојувач на 20 грен слемови, постојат сите шанси, тој повторно да може да игра на својот омилен турнир

Австралија донесе одлука – од 6 јули странските државјани кои сакаат да ја посетат таа земја нема да мора да го пријавуваат статусот на вакцинација против коронавирусот!

На овој начин, австралиските власти одлучија да стават крај на една од најстрогите мерки за контрола на границите донесени во светот поради пандемијата Ковид-19.

Австралискиот министер за здравство Марк Батлер рече дека промената на Законот за сигурност ќе стапи на сила во среда на 6 јули и се заснова на совети од главниот медицински директор Пол Кели.

Тоа значи дека странските државјани ќе можат да патуваат во Австралија дури и ако не биле вакцинирани, што досега не беше случај. Тоа треба да значи и дека Новак Ѓоковиќ ќе може нормално да отпатува за Австралија на почетокот на 2023 година, кога се очекува неговото враќање на Австралија опен.

На почетокот на оваа година на Ѓоковиќ не му беше дозволен престој во земјава, кога по одлуката на Сојузниот суд беше депортиран. Иако Новак пристигна во Австралија со важечко медицинско ослободување, австралиските власти го игнорираа тоа и успеаја да истраат во своите намери.

Сепак, важно е да се напомене дека теоретски австралиските власти би можеле да ја остават на сила тригодишната забрана за влез во земјата што Ѓоковиќ автоматски ја „заработи“ по неговата депортација. Сепак, уште во јануари минатата година, имаше јасни индикации од Австралија дека забраната може да биде укината.

Затоа, Ѓоковиќ би можеле да го гледаме во Мелбурн во јануари 2023 година, кога би се борел за својот 10-ти трофеј на Австралија Опен. Дотогаш, Новак Ѓоковиќ моментално настапува на Вимблдон, а според важечките закони во САД нема да може да учествува на САД Опен подоцна оваа година.