Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, по кој знае кој пат покажа зошто многумина го сметаат за најдобар тенисер во историјата на овој спорт, откако во финалето на Австралија опен славеше против Доминик Тим со 6:4, 4:6, 2:6, 6:3, 6:4. Ова е осма титула за Ѓоковиќ во Мелбурн со која покажа дека е крал кога е во прашање овој турнир.
- Честитки до Тим за одличниот турнир кој го одигра. Беше близу до победата. Се надевам дека во иднина ќе освои не еден, туку многу повеќе грен слем трофеи. Пред почетокот се случија неколку ужасни работи. Прво мислам на пожарите кои ја зафатија Австралија, а потоа и трагедијата во која загина Коби Брајант, изјави Ѓоковиќ по освојувањето на осмата грен слем титула, истакна Ѓоковиќ.
Сѐ започна пред 12 години, поточно во 2008 година кога загуби еден сет во финалето од Жо-Вилфред Цонга и победи со 3:1 во сетови (4:6, 6:4, 6:3, 7:6). Три години Србинот повторно дојде до финалето, во кое го победи Енди Мареј без некои поголеми проблеми со 6:4, 6:2, 6:3. Третата титула дојде по едно од највозбудливите машки финалиња во историјата на тенисот, кога Рафаел Надал и Ѓоковиќ играа речиси шест часа во 2012 година. Епскиот дуел го доби српскиот тенисер со 5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5 и тоа беше трет различен противник и трет врвен играч кој не можеше да го сопре налетот на српскиот на патот до титулата. Новак таа сезона ја започна како најдобар тенисер на планетата за прв пат во својата кариера.
Тој ја продолжи својата доминација со одбрана на титулите во финалето во 2013 година кога повторно беше подобар од Енди Мареј со 6:7, 7:6, 6:3, 6:2.
Мареј му беше редовен „муштерија“ во финалето и две години подоцна кога Ѓоковиќ го победи Британецот со 7:6, 6:7, 6:3, 6:0 и продолжи да го фрустрира. Истото беше и следната година кога повторно успеа да дојде до трофејот преку Енди Мареј, а комплексот му беше „набиен“ откако и 2016 година се сретна во финалето со Британецот, за шеста титула.
Седмата титула дојде по победата над Рафаел Надал со 6:3, 6:2, 6:3, додека осмата ја освои токму вчера, потврдувајќи ја класата.