Поранешната словачка тенисерка, Даниела Хантукова, која моментно работи како стручен коментатор, смета дека Србинот Новак Ѓоковиќ нема зошто да биде незадоволен од изданието кое го прикажа на мастерс турнирот во Рим. Тој во финалето беше поразен од бранителот на титулата, Шпанецот Рафаел Надал во нивниот 54. меѓусебен дуел.

Хантукова смета дека во Рим бил виден извонреден тенис и дека Ѓоковиќ и Надал на „Ролан Гарос“ во Париз доаѓаат со самодоверба дека можат да освојат уште една грен слем титула.

  • Ако Новак е ментално силен како во Мадрид и Рим, тој ќе биде недопирлив. Во финалето тој едноставно беше премногу уморен, но ние го видовме во Австралија, истиот тој фокус, истиот пристап… Кога станува збор за менталниот контекст, чувствувам дека ништо не може да го запре, па дури ни Рафа, изјави Хантукова.

Без сомнение, првите два играчи во светот се главни фаворити за триумф во Франција, а Хантукова изјави дека ако Новак биде ментално силен, како што се покажа во Рим, Надал нема да може повторно да победи.

  • Оваа победа е многу важна за Рафа. Мислам дека тоа беше повеќе од потребно за да го добие тој меч. Но, Новак нема повторно да загуби во евентуално нивно соочување, вели Хантукова.

Поранешната петта тенисерка на ВТА листата додаде дека Новак нема причина да биде загрижен пред доаѓањето во Париз.

  • Новак треба да биде задоволен од она што го прикажа во полуфиналето во Рим. Покажува завидни перформанси. Мислам дека и двајцата тенисери можат да одат на пица и сладолед и да го прослават одличниот настап во Италија пред почетокот на „Ролан Гарос“, додаде Хантухова.