Прашањето е едно, но има многу одоговори. Кој е најдобриот тенисер на сите времиња Роже Федерер, Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ? Секој си има свој идол и тешко е да се каже кој е најдобар. За нивните успеси говорат и бројките, но и тие не можат да помогнат за да го дадат одоговорот на прашањето кој од овие тројца е најдобар.
Србинот Новак Ѓоковиќ ја покажа својата моќ на теренот. Тој во финалето на Австралија опен го прегази својот најголем ривал Рафаел Надал со 6:3, 6:2, 6:3 и ја освои својата 15. грен селм титула, седма рекордна на турнирот во Мелбурн и зад себе ги остави Тој Емерсон и Роже Федерер, кои имаат по шест титули на овој турнир.
Според многумина најголем на сите времиња е Швајцарецот Роже Федерер со 20 грен слем титули, Надал осови 17, а Ѓоковиќ 15. Пит Сампрас е на четвртото место со 14, а Рој Емерсон петти со 12 грен слем титули.
Но во следните пет години Федерер може да биде надминат, а тоа може да го направат Ѓоковиќ (31) и Надал, који ма 32 години, додека Швајцарецот од подамана е на залезот на својата кариера, но се уште не одлучил да се пензионира икао има 38 години.
Новак во наредните пет – шест години би требало да осови уште шест грен слем титули, но во овој период Федерер не смее да осови ниеден, а Надал не смее да осви четри грен слем титули.
Швајцарецот неколку пати најави пензионирање, но се уште официјално не објавил крај на кариерата. Тој неколку пати призна дека повеќе му е тешко да патува на турнирите и дека се поблизу е денот кога ќе ја заврши кариерата.
Рафаел Надал кога го играше својот најдобар тенис беше недопирилив, особено на Ролан Гарос. Шпанецот има 11 титули на турнирот во Париз, а со неговиот стил на игра никој не веруваше дек ќе се закити со две титули на Вимблдон и три пати ќе го особи САД Опен, а има и една титула на Австралија опен. Но, надал си го плати данокот за стилот на игра кој најмногу го торши телотои прашање е уште колку ќе може да издржи да игра на високо ниво.
Што се однесува до Новак Ѓоковиќ, тој минатата сезона го оперираше лактот, но потоа се врати на теренот и почна да растура и од тогаш нема конкуренција на теренот. Тој го победи Надал на начин на кој не е виден досега во нивните меѓусебни пресметки и има право да се надева дека може да го помине Федерер. За успешноста на Ѓоковиќ говорат и 30. мастерс титули, рекорд што го држи заедно со Надал, додека Федерер има 27 титули.