Кој ќе биде новиот спонзор на спортска опрема на најдобриот тенисер на сите времиња Србинот, Новак Ѓоковиќ? Ова прашање веќе подолго време кружи во светската тениска јавност, а за кого ќе се одлучи српскиот тенисер ќе биде исклучително интересно. Ѓоковиќ има договор со компанијата „Лакост“ до крајот на оваа година, а врз основа на него инкасирал десет милиони евра за четири години верност.
Пред оваа престижна француска компанија, Новак беше „заштитно лице“ на јапонскиот бренд „Уникло“, но сега соработуваат со Роже Федерер, па тешко е за верување дека повторно би го земале српскиот ас во тимот. Што се однесува до Надал, тој долги години носи опрема на компанијата „Најк“. Не е реално да сакаат да бидат во тимот на Новак. Србинот, пак, неодамна имаше многу поплаки против својот спонзор, што може да навести дека нема да ја продолжи соработката со нив.
– Не сум задоволен од начинот на кој мојот спонзор работи на мојата маркетинг промоција, тоа ме фрустрира. Претходните години бев незадоволен и фрустриран бидејќи многу луѓе ги сакаат моите производи, но немаат можност да ги најдат во продавниците на мојот спонзор. Некои работи сега се менуваат на подобро, но јас сè уште не сум задоволен, бидејќи се може да биде многу подобро. Се надевам дека мојот спонзор ќе го зголеми бројот и квалитетот на моите производи, како и дека ќе работи на нивната достапност за луѓето да имаат можност да ги најдат бидејќи сум популарен во целиот свет – изјави Ѓоковиќ.
И навистина е крајно чудно што некој што го спонзорира Новак нема интерес да прикажува што повеќе работи со неговиот имиџ во своите продажни единици…
Српскиот тенисер го очекува голема борба во преостанатиот дел од сезоната, но прашање е колку ќе „залепи“ на претстојните турнири, ако се има предвид начинот на кој размислува.
„Не бркам пласман на завршниот мастерс-турнир, не знам дали ќе играм на високо нив во иднина. Што се однесува до мене, завршив со тие турнири во кариерата. Најважно ми е да игра за репрезентацијата и грен-слемовите“, изјави неодамна Ѓоковиќ.
Редослед на АТП листата: Јаник Синер (Италија) 11.180, Александар Зверев (Германија) 6.875, Карлос Алкараз (Шпанија) 6.690, Новак Ѓоковиќ (Србија) 5.560, Даниил Медведев (Русија) 5.475 (Р. 4.060, Хуберт Хуркач (Полска) 4.060, Каспер Руд (Норвешка) 4.010, Григор Димитров (Бугарија) 3.920