Ѓоковиќ покажа желба да го урне рекордот на Роже Федерер

70

Поранешниот дванаесети тенисер во светот Паоло Бертолучи, истакна дека светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ е подготвен да го урне грен слем рекордот од 20. титули на Швајцарецот Роже Федерер.

Бертолучи моментно е коментатор за „Скај Спортс“ и во своите коментари зборуваше за фаворитите за осовјување на првиот грен слем турнир Австралија опен. Италијанецот истакна дека турнирот е многу поквалитетен оваа година, отколку минатата кога Федерер во финалето го совлада Хрватот Марин Чилиќ.

-Во споредба со минатата година, оваа е поквалитетна заради враќањето на неколкумина искусни играчи како што се Вавринка, Нишикори…. Исто така младите тенисери се се подобри и затоа турнирот е поинтересен, изјави Беретолучи.

Тој истакана и дека Ѓоковиќ е најголем фаворит за осовјување на титулата оваа година, но и дека тој има една голема и важна цел.

-Какои и да испадне, Ѓоковиќ мора да биде сметан за главен фаворит за освојување на титулата, бидејќи играше фантастично во вториот дел од  минатата сезона и се врати на врвот на АТП листата, а покажа и амбиција да го урне рекордот од 20. грен слем титули на Роже Федерер, јасен беше Италијанецот, кој воедно откри и кој е вториот фаворит за освојување на турнирот.

-Федерер е исто така еден од главните фаворити за осовјување на турнирот, а тука е и мистериозниот  Рафаел Надал, кој се крие од јавноста заради повредата која ја има и својата непозната физичка состојба.