Карлос Алкараз го освои турнирот од АТП категоријата 500 во Лондон и со тоа се искачи на првото место на листата на најдобри тенисери, претекнувајќи го Новак Ѓоковиќ кој се искачи на позицијата „Број 1“ со освојувањето на Ролан Гарос.
Шпанецот во финалето го совлада Алекс Де Минор од Австралија во два сета (6:4, 6:4) и со тоа ја потврди добрата форма пред Вимблдон, кој стартува за осум дена.
Алкараз сега има 7.675 АТП поени, додека Новак сега има 5.595 поени. Шпанецот го освои својот прв трофеј на трева во Велика Британија и посочи дека сезонава ќе биде подобар на таа подлога. Со оглед на денешниот успех, тој го обезбеди статусот на прв носител на Вимблдон, а Новак ќе биде втор иако е бранител на титулата.
На Вимблдон минатата година Алкараз застана во четвртото коло во кое беше поразен од Италијанецот Јаник Синер (3:1 во сетови), а оваа сезона сигурно ќе сака многу повеќе. Впрочем, доказ за тоа се дури пет освоени титули од почетокот на натпреварувачката година, без разлика што не успеа да ги крене трофеите на грен слем турнирите во Австралија и Франција.
Новак Ѓоковиќ пристигна во Лондон и во наредната недела од вторник ќе игра на егзибицискиот турнир, за да ја „почувствува“ тревата и да се прилагоди на подлогата на која седум пати го крена пехарот на Вимблдон. Ако го направи тоа летово, по осми пат ќе се израмни со Роже Федерер и ќе остане во трката за календарскиот слем.