Од Новак Ѓоковиќ секогаш ќе слуштете како со почит зборува за другите спортисти. Неговата големина меѓу останатото е во тоа што ги почитува сите и секогаш е подготвен да зборува со сите, да го слушне мислењето на другите. Тој е планетарна ѕвезда, но е ЈУ-носталгичар и во ексклузивното интервју за српски „Блиц“, вели дека спортот треба да биде надвор од политиката. Ги сака сите земји од поранешната федерација.
Тој вели дека политиката треба да се тргне на страна, а Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина ги гледа како свои.
„Знам каква е политичката ситуација и знам дека раните се свежи за многу луѓе, ама цврсто верувам дека спортот треба секогаш да се држи настрана од политиката. Кои се нашите комшии? Хрвати, Македонци, Босанци… Сите нив ги сметам за свои. На нив така гледам. Никогаш не сум имал поинакво мислење и секогаш ќе се држам до тоа. Никогаш поинаку нема да ги сметам“, истакнал Ѓоковиќ за „Блиц“.
Ѓоковиќ во минатото често знаел да им даде поддршка на хрватските спортисти, особено тоа беше нагласено за време на фудбалското Светско првенство во Русија кога отворено ги поддржа Модриќ, Ракитиќ и останатите. Неговата поддршка особено е изразена кога станува збор за Лука Модриќ.
„Му благодарам! Пред се за Лука мислам се најдобро. Од срце навивав за Хрватска на Светското првенство“, истакнал Новак, во интервјуто за српски „Блиц“.