Некогашниот трет играч на светот, аргентинскиот тенисер Давид Налбандијан воочи Ролан Гарос зборуваше за Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер и Ник Кирјос.

Аргентинецот се пензионираше пред шест години, но и понатаму ги следи случувањата во тенисот. Налбандијан со пофални зборови за првиот рекет на светот.

„Ѓоковиќ е комплетен тенисер. Освен што одлично сервира, тој се движи на фантастичен начин. Кога му оди добро, нема падови во играта, нема слаби точки, не знаеш како да играш против него. Од друга страна, Надал е поинаков тенисер кога игра долги, а поинаков кога игра кратки поени. Што се однесува до Федерер, јас мислам дека тој многу еволуираше, посебно кога достигна константност на својот бек-хенд. Беше одличен како петти, шести на светот. Важната промена му се случи во 2003 година“. Кирјос пак, е талентирана личност, но зад тоа гледам дека е во конфликт со самиот себе. Ако тој не е проблем, тогаш е некој друг. Има лош став со луѓето, со ривалите, заклучува Налбандијан.