Јулија Апостоли, мајката на грчкиот тенисер Стефанос Циципас, се осврна на предизвикот што го имаше Новак Ѓоковиќ на своето тениско патување. Таа истакнува дека Новак и покрај тешкотиите успеал да докаже дека се е можно.
“Ѓоковиќ се изгради сам. На оние кои го осудуваат ќе им треба време да се преиспитаат“, рече Апостоли и додаде:
„Имав повеќеслоен живот. Извесен период живеев во Белград, па зборувам српско-хрватски. Инаку, Ѓоковиќ, иако пишуваат дека е Србин, тој во основа е Босанец по неговите родители. Но, тој избра една од тие националности, кои живееја во Југославија“.
Таа го вкрсти патот на Новак со оној на Федерер.
“Имаше многу тешко детство. Ова може да се објасни. Кога беше дете мораше да се крие во засолништа за воздушни напади. Федерер порасна во среќна земја, Швајцарија. Ова исто така вреди да се размисли. Не ги знаеше тие моменти кога треба да ризикуваш нешто за да постигнеш нешто“, рече Апостоли.
Инаку, мајката на Циципас е поранешна тенисерка која настапувала за Советскиот Сојуз и Грција, а најдобар пласман и е 194. место во 1990 година.