Ѓоковиќ го освои одлучувачкиот поен, па се направи дека не ги слуша навивачите/ФОТО

546

Новак Ѓоковиќ по мечот од 2. коло на олимпискиот турнир на кој го победи Рафаел Надал (6:1, 6:4) изјави дека публиката на Ролан Гарос навивала за Шпанецот и му помогнала во моментите кога српскиот тенисер имаше голема предност во вториот сет.

Ѓоковиќ водеше со 4:0, но неговиот ривал со голема поддршка од трибините успеа да израмни.

Сепак, првиот носител на турнирот успеа да направи решавачки брејк во деветтиот гем, а потоа и да триумфира.

Српскиот тенисер се воздржуваше од конфликт со публиката се до точката што му донесе водство од 5:4 во вториот сет, а потоа ги поздрави занемените навивачи на противникот ставајќи ја раката зад увото, покажувајќи дека не ги слуша.

Во споредба со натпреварите на другите турнири, кога се случуваа слични ситуации, реакцијата на публиката беше многу неубедлива, само неколку свирежи и извици на негодување.

Српскиот тенисер во следното коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Матео Арналди и Доминик Кепфер.

Foto: Pritnscreen/X