Најдобриот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ, истакна дека е задоволен од успехот на мастерс-турнирот во Шангај, поточно со пласманот во финалето каде беше поразен од светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер.

Тој беше расположен за време на доделувањето на пехарот, а потоа зборуваше и на прес-конференцијата.

„Мислам дека има некои позитивни работи што можам да ги извлечам од овој пораз. Прво, моето ниво на тенис беше навистина добро на овој турнир, веројатно најдоброто од Олимпијадата во однос на тоа како се чувствував, како играв, како се борев.  Направи се што можев, тој заслужи да победи. Се надевам дека ќе го задржам високото ниво на игра и во иднина. Тоа се типови на натпревари и предизвици кон кои тежнеам, да можам да бидам во позиција да играм против најдобрите во светот на најголемите сцени. Не знам што носи иднината, само ќе се обидам да се адаптирам… Сè уште планирам да се натпреварувам и да играм следната сезона, ќе видиме до каде ќе стигнам“, истакна Србинот.

Рекордерот и по бројот на освоени грен-слем титули, зборуваше и за тековната сезона.

„Во однос на резултатите, ова беше една од најлошите сезони. Во одреден момент мораше да има година кога нема да осовојам грен-слем и нема да го задржам тоа високо ниво по толку многу години. И тоа е во ред, среќен сум со мојот златен медал на Олимпијадата, тоа беше мојата главна цел оваа година, се разбира дека би сакал да освојам грен-слем, но тоа е тоа што треба да го прифатите. Среќен сум со се што постигнав во кариерата“, кажа Новак, кој во Шангај ја пропушти можноста да ја освои стотата титула во кариерата.

„Тоа ќе биде бонус ако се случи. Јас секако сакам да се случи. Ќе продолжам да работам на тоа, се надевам, во блиска иднина“, рече Ѓоковиќ и додаде:

 „Но, тоа не е цел „живот или смрт“ за мене. Мислам дека ги постигнав сите најголеми цели во мојата кариера. Се додека можам да играм како оваа недела, и мислам дека можам да бидам рамо до рамо со најдобрите играчи, ќе се