Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, повторно ќе се обиде да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на Вилјареал, Пау Торес. Репрезентативецот на Шпанија важи за голема желба на раководните лица на „црвените ѓаволи“, но таквата желба ќе стане реалност за време на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. евра.