Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер, сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на белгискиот интернационалец од редовите на кинескиот суперлигаш Далиан, Јаник Фереира Караско.
Крилниот напаѓач потврди дека сака да се врати во Европа за време на зимскиот преоден рок, а на неговата адреса пристигнале неколку примамливи понуди од Франција, Шпанија и Италија.
Според раководните лица на кинескиот клуб, Караско може да биде продаден само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. евра.