Што остави зад себе Метју Пери: Знаеше дека секогаш ќе го поврзуваат со „Пријатели“, ама тој сакаше да биде запаметен по нешто друго

214

Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес на 29. октомври, кога неговата помошничка го пронашла во џакузи во саботата околу 16 часот. Пери имаше 54 години.

Зад себе остави огромно богатство кое се брои во милиони. Актерот добивал 800.000 долари по епизода во сезоните 7 и 8 на „Пријатели“ и до 1 милион долари по епизода во сезоните 9 и 10.

Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари, пренесува Б92.

Како што пренесуваат странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смртта имал околу 120 милиони долари.

Освен тоа, Метју Пери бил познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, па во периодот од 2015 до 2021 година продал дури четири имоти, од кои секоја вредела повеќе од 10 милиони долари.

Со оглед на тоа дека Метју Пери немал деца и не бил оженет, целото богатство им припаѓа на неговите родители Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и неговата мајка Сузан Ленгфорд.

Во една прилика, актерот се осврна на незгодното прашање на смртта.

„Кога ќе умрам, знам дека ќе се зборува само за „Пријатели“. И јас сум среќен поради тоа, среќен сум што завршив добра работа како актер, но кога ќе умрам, би сакал повеќе да пишуваат за тоа колку сум им помогнал на другите“, изјави Метју неколку години.