Близок извор до таборот на германскиот гигант Баерн (М) откри дека раководните лица сериозно ја разгледуваат и опцијата да стават крај на соработката со крилниот напаѓач, Лерој Сане. Репрезентативецот на Германија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а поради нереланите побарувања кога е во прашање новиот договор, челниците на Баерн (М) сакаат да стават крај на соработката.