Шут-карта за Кедира

51

Најдоброто од Италија, тимот на Јувентус, планира во следните неколку дена и официјално да стави крај на соработката со германскиот интернационалец Сами Кедира. Искусниот играч за врска не е дел од плановите на новиот шеф на стручниот штаб, Андреа Пирло, и затоа му е дозволено да си замине без никакво обештетување до крајот од летниот преоден рок. Поранешниот фудбалер на Штутгарт и Реал (М) веќе има остварено контакт со челниците на Баерн (М), Борусија од Дортмунд и со тие на Интер од Мајами.