Откако ставија крај на соработката со Ерик тен Хаг челниците на Манчестер Јунајтед сакаат истото да го направат и со бразилскиот интернационалец Антони. Крилниот напаѓач сигурно ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок, а според последните информации кои пристигнуваат од „Олд Трафорд“ најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Фенербахче, Ајакс и Фламенго.