ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Кератеа итно евакуирана, огнот го гаснат 45 пожарникари, два авиони и хеликоптери

169

Жителите на две населби во Кератеа беа принудени да се евакуираат поради шумските пожари кои утринава избувнаа во областа.

Во гаснењето на пожарот ангажирани се 45 пожарникари со 17 возила, два противпожарни авиони и два хеликоптери, соопшти Противпожарната служба, пренесува Катимерини.

Пораката за итна евакуација до мештаните стигнала по девет часот утринава.

Сообраќајот во Кератеа е пренасочен.