Ракометната федерација на Босна и Херцеговина, му даде нов четиригодишен договор на селекторот Билал Шуман.

-Ја искористивме можноста, во пресрет на натпреварите со Естонија, да потпишем нов договор со Ракометната Федерација на БиХ уште на четири години. Нашите цели се прилично јасни, а тоа е БиХ да биде учесник на Европски и Светски шампионати. Примарна цел е да се поттикнат младинските селекции што е можно повеќе во ова тешко време да создадат нови потенцијални репрезентативци, изјави Шуман.

Босна ќе одиграат два натпревари против Естонија на 6 и 10 јануари, првиот на гости, а вториот на домашен терен во Бугојно.